ФОТО | Mилан утре ќе се збогува со Ибрахимовиќ

Фото: EPA-EFE/SERENA CAMPANINI

Утре ќе биде емотивен ден на „Сан Сиро“, Милан ќе се збогува со Златан Ибрахимовиќ.

Ниту Ибрахимовиќ, ниту Милан не ја потврдиле разделбата, но на социјалните мрежи се појави фотографија која се подготвува за утрешниот натпревар.

Натпреварот против Верона е во рамките од последното 38-мо коло од актуелната сезона, тој ќе биде и последен за Швеѓанецот во дресот на „росонерите’.

Ибрахимовиќ има 41 година, но барем според неговите изјави нема да ја заврши кариерата и ќе продолжи да игра. Засега не е познато кој клуб ќе биде негова наредна дестинација, но најмногу се поврзуваше со Монца на Силвио Берлускони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот