ФОТО | Миа Костова брутално искрена: Ролката ми е од Зара, а сакото од Бит пазар – Стил имаш или немаш, Шанел не те спасува

Македонската водителка и инфлуенсерка Миа Костова отсекогаш важела за личност која нема проблем да сподели приватни и интимни детали од сопствениот живот.

Миа Костова

Несомнено е дека Миа има своја „армија“ од следбеници кои љубопитно го следат нејзиното секојдневние, но поради веќе препознатливата брутална искреност, особено периодов, се поголема станува и поддршката за нејзините ангажмани, како и нејзините јавни излагања кога зборува за настаните и луѓето што ја дефинираат македонската сцена, но и актуелните случувања во општеството и светот.

Видендов Миа на нејзиниот инстаграм профил сподели фотографии во бел стајлинг, а притоа откри дека повеќепати била запрашана од каде ги купила облеките, по што следуваше неочекуван одговор:

Фото: Принсткрин / Миа Костова

„Полн инбокс за ова што го носам. Мојата искреност е посилна од тоа да не кажам што носам. Панталоните се Елена Лука, сакото е од Бит пазар. Кемо не го знаете, јас го знам кога му буричкам во робата. Патиките се од Бершка, а ролката без ракави од Зара“, стои во инстаграм-сторито на Миа.

„Значи стил или имаш или немаш. Не те спасува ни еден Шанел ако не знаеш Коко. Не те прави поголема и пофраерка лажната ташна Луи Витон, напротив, далеку поефтино изгледа од кое било парче за 1000 денари“, стои во второто инстаграм-стори, каде таа најавува дека наскоро ќе сподели повеќе детали за парчињата облека во нејзниот плакар, кои како што пишува Костова, никогаш не чинат многу, а изгледаат како што изгледаат.

Погледнете ги фотографиите:

Фото: Принсткрин / Миа Костова
Фото: Принсткрин / Миа Костова

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот