ФОТО | „Ми се скрши срцето“: Почина кучето на Парис Хилтон, доживеа 23 години

Фото: Инстаграм/Парис Хилтон

Ѕвездата на реалните шоуа Парис Хилтон објави дека нејзината 23-годишна чивава Харајуку Бич починала.

Покрај емотивната порака, таа сподели неколку фотографии со нејзиното драго куче.

„Денеска моето срце се скрши. Морам да ѝ кажам зборум на мојата драга чивава Харајуку Бич. Цели 23 неверојатни години го исполнуваше мојот живот со љубов, посветеност и прекрасни моменти. Живееше долго и беше опкружена со љубов, сè до последните моменти“, стои во нејзината објава на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Парис Хилтон

Хилтон уште еднаш истакна дека нејзината чивава била повеќе од само домашно милениче.

„Таа ми беше семејство, верна пријателка која секогаш беше тука за мене, дури и во најлошите моменти. Секогаш ќе бидеш моето мало ангелче, ќе ми недостигаш засекогаш и ќе те сакам засекогаш. Можеби ќе те нема физички, но отпечатокот од твоите шепи ќе биде втиснат засекогаш во мојот живот“, заклучи таа.

Фото: Инстаграм/Парис Хилтон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот