ФОТО | Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите низ фотографии: Најубавото светско наследство

Светско наследство, Фото: Инстаграм

На 18 април се одбележува Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите. Официјално усвоен од УНЕСКО за време на 22-та Генерална конференција во 1982 година, овој ден се користи секоја година за да поттикне активности и свесност за наследството ширум светот.

Минатогодишната тема „Сложенo минато: разновидни иднини“ беше заменета во 2022 година со темата: Наследство и клима. Меѓународниот совет на споменици и локалитети (ИКОМОС) учествува во заштитата на наследството и во промоцијата на Меѓународниот ден.

Ова се некои од најубавите наследства на светот:

Таџ Махал, Индија

Фото: EPA-EFE/STR

Еден од најогласените симболи на љубов во светот, овој гроб од бел мебел бил изграден од Царот Шах Џахан, кој го порачал за својата жена Мумтаз Махал која умрела при пораѓањето на 39-годишна возраст.

Ангкор Ват, Камбоџа

Фото: Викимедија

Е хиндуистички комплекс храмови во Ангкор, Камбоџа кој бил изграден во чест на кралот Сурјаварман II во 12 век. Комплексот бил наменет за државен храм и бил дел од територијата на главниот град на Кмерското Кралство.

Петра, Јордан

Петра, Фото: Flick

Петра е напуштен древен град во денешен Јордан. Се наоѓа на планинска долина на источниот дел во Види Араба, во која се преклопуваат патиштата кон Газа на запад, Бостра и Дамаск на север, Ејлат на Црвено море и Персискиот Залив од другата страна на пустината.

Велигденскиот Остров, Чиле

Фото: Викимедија

Полинезиски остров во југоисточниот Тихи Океан на најјугоисточната точка на Полинезискиот Триаголник. Островот е посебна територија на Чиле. Познат е по своите монументални статуи наречени моаи, створени од Рапанујците.

Мачу Пикчу, Перу

Фото: Викимедија

Е претколумбовски град на Инките кој се наоѓа на 2430 метри надморска височина на Андите во Перу. Градот, а денес археолошко наоѓалиште, се наоѓа на планински венец над долината Урубамба во Перу, каде тече реката Урубамба и од Куско е оддалечен околу 80 километри. Мачу Пикчу понекогаш се именува и како „изгубениот град на Инките“ и тој претставува најпознат симбол на некогашната империја.

Стара Хавана, Куба

Фото: Flickr

Основан во 1519, Стара Хавана е центарот на градот и една од 15-те општини што ја формираат Хавана, Куба. Има втора најголема густина на население во градот и го содржи јадрото на оригиналниот град Хавана.

Чинкве Тере, Италија

Фото: Pixabay

Уникатната историја и карактерот на старите пет крајбрежни села на Чинкве Тере се меѓу најубавите историски места во светот. Тоа е низа од вековни приморски села, сместени на грубото крајбрежје на италијанската ривиера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот