ФОТО | Меган Маркл се појави во фустан од 4.500 долари и обетки од 16.500 долари

Фото: Инстаграм

Меган Маркл и принцот Хари присуствуваа на фестивалот „Global Citizen Live“, во Централ Парк, Њујорк. Војвотката и војводата од Сасекс таму зборуваа за вакцинацијата против коронавирусот и за испораката на вакцини во посиромашните земји.

Меган пристигнала облечена во црно палто, под кое носела бел мини фустан од Сан Гало Котур со потпис на „Валентино“. Цената на тој фустан изнесува 4.500 долари, пишува „Дејли мејл“. Со белиот фустан, Меган искомбинирала црна чанта од модната куќа „Диор“.

Од сѐ што носела војвотката, најголемо внимание привлекол скапиот накит на „Картие“. Меган носела обетки во вредност од 16.500 долари, часовник кој чини 12.000 долари и белегзија во вредност од 6.900 долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HARRY AND MEGHAN (@bestofharryandmeg)

Меган во текот на својот говор истакнала дека многу луѓе низ целиот свет немаат можност да се вакцинираат.

– Секој човек на оваа планета има основно право да ја добие оваа вакцина. Тоа е поентата, но тоа не се случува. Додека во оваа и во многу други земји можете да одите каде било и да се вакцинирате, милијарди луѓе ширум светот не можат. Ова година се очекува дека ќе се произведат доволно дози за да се исполни целта за вакцинација на 70 отсто од луѓето во секоја држава, но не е во ред што толку голем дел од вакцината отиде само во десетте најбогати нации, а не кај сите. Едноставно, не е во ред – заклучила Меган.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @magazin.high.society

На фестивалот „Global Citizen“ се прикажани настапите на повеќе од 60 уметници во Њујорк, Лондон, Сиднеј и пошироко, пишува Би-би-си.

Ѕвездите, меѓу кои Били Ајлиш, Ед Ширан и Џенифер Лопез, настапуваат на 24-часовниот концерт кој е посветен на кревањето на свеста за климатските промени, несразмерно распоредените вакцини и гладот. Се очекува присуство на десетици илјади луѓе, додека најверојатно милиони ќе го гледаат преносот. Настанот започна вчера во Париз, каде што британскиот музичар Елтон Џон настапи пред Ајфеловата кула. Џон стапи на сцената по однапред снимениот настап на корејската поп-група БТС.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот