ФОТО | Меган Фокс со најдобрата модна комбинација досега: Актерката повторно го привлече вниманието на јавноста
Меган Фокс, една од најубавите жени во Холивуд, неодамна беше уловена од папарацо – фотографите на снимање во Лос Анџелес, а нејзиниот стил привлече посебно внимание.
Познатата 35-годишна актерка го привлече вниманието на јавноста, но и на модните критичари благодарение на нејзиниот моден изглед.
View this post on Instagram
Смелата комбинација на облека совршено ѝ прилегаше на актерката. Меган на себе носеше широки фармерки, црно елегантно палто, а особено фокусот беше на бодито со циркони, што речиси целосно ги откри градите на познатата актерка.
View this post on Instagram
Како партнерка на раперот Машин Ган Кели, Меган Фокс се повеќе избира ексцентрични комбинации на облека. Така, неодамна се појави со својот избраник на доделувањето на музичките награди „Билборд 2021“ во фустан кој откри повеќе отколку што покриваше, а посебно внимание привлече и нејзиното момче, кое за таа пригода го обои неговиот јазик во црна боја.
Меган Фокс и нејзиното момче ги шокираа обожавателите со еден бизарен детаљ