ФОТО: Ме силуваше и ме сечеше по гениталиите: Ѕвездата на „Игра на тронови“ го тужи Мерилин Менсон

Британската актерка Есме Бјанко, позната по улогата на Рос во „Игра на тронови“, во петокот поднесе тужба против Мерилин Менсон во која таа тврди дека ја силувал и насилно се однесувал кон неа.

Таа е 15-та жена што го обвини славниот музичар за сексуално злоставување.

Бјанко тврди дека Менсон (со вистинско име Брајан Ворнер) ја силувал во мај 2011 година. Во еден дел од тужбата се наведува дека тој „со дрога и под закана на сила ја принудил на сексуални дејствија“. Во тужбата се спомнува и дека тој сексуално ја искористувал додека била „во несвест или во состојба во која таа не може да се согласи на таков чин“, пишува „Базфид њуз“.

Таа исто така рекла дека во текот на сексот, без нејзина согласност, ја удирал, гризел, камшикувал и ја сечел по задникот, градите и по гениталиите.

Актерката, исто така, го тужи и за кршење на Законот за заштита на жртвите на трговија со луѓе во САД. Имено, Бјанко тврди дека тој со измама ѝ ветил можност за работа во САД, за што знаел дека никогаш нема да се реализира.

– Мешајќи се во процесот на издавање виза на г-ѓа Бјанко, г-дин Ворнер успеал да ја контролира г-ѓа Бјанко заканувајќи се дека ќе ја повлече поддршката ако не се согласи“, се наведува во тужбата.

Фото: Профимедиа

Според тужбата, злоупотребата започнала во февруари 2009 година, кога Менсон ја одвел Бјанко до Лос Анџелес за да сними таму музичко видео кое никогаш не било објавено. По пристигнувањето, таа открила дека „не била присутна екипа за снимање и дека се очекува од неа да престојува во домот на г-дин Ворнер, а не во хотелот кој претходно бил резервиран“.

Во текот на четиридневното снимање, кое Менсон го снимил со својот фотоапарат, наводно Бјанко цело време носела долна облека, ѝ било забрането да спие, ѝ давале дрога и алкохол, но без храна.

Во текот на снимањето, тврди таа, Менсон ја тепал и применувал електро шокови, ѝ се заканувал дека ќе ја силува, ја принудувал да гледа „екстремно насилен филм поради кој се онесвестила“ и се обидел да ја присили да има сексуални односи со друга жена пред камерата.

„Можеби најстрашното, г-дин Ворнер ја заклучи г-ѓа Бјанко во спалната соба, ја врзал и ја тепал со камшик за кој рекол дека го користеле нацистите“, се наведува во тужбата.

Актерката вели дека во тоа време не се противела затоа што се плашела од последиците, професионални и физички.

Неколку месеци подоцна, во мај 2009 година, двајцата започнале сексуална врска, која била согласна. Во 2011 година, Бјанко дури и се преселила кај Менсон, за да живеат заедно.

Неколку жени досега го обвинија Менсон за сексуално злоставување, мачење и силување, а прва проговори неговата поранешна свршеница Рејчел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Esmé Bianco (@esmebianco)

 

Славниот музичар Мерилин Менсон, сѐ уште не се огласил по повод тужбата на Бјанко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот