ФОТО | Марија Шерифовиќ денеска полни 40 години: Животот ми го подари најубавиот роденден
Српската пејачка Марија Шерифовиќ, која неодамна одржа спектакуларен концерт во Скопје, денеска го прославува нејзиниот јубилеен 40. роденден.
По тој повод, музичката ѕвезда сподели две фотографии со син ѝ Марио и објави емотивна порака на својот инстаграм-профил.
„Четириесет години. Патување исполнето со предизвици и победи. Секоја година ми даде нешто драгоцено – лекции, љубов, сила и, понекогаш, тишина која ме потсетуваше на тоа колку е важно да се застане и да се биде благодарен.
Но, најголемиот подарок којшто ми го даде животот е мојот си. Моето сонце и најубавите зраци. Мојот мал принц. Мојот мал учител. Тој е причината поради која секој момент има длабоко значење.
Му благодарам на животот за сите искуства, за сите луѓе кои минаа низ мојот свет, на секој момент којшто ме обликуваше. Оние кои гоправат мојот живот поубав се се што ми е потребно.
Посакувам следните четири децении да бидат уште подлабоки и уште поблизу до она што навистина значи да се живее. На секој чекор, со благодарност во срцето.
На здравје!
Со љубов,
М“, напиша Шерифовиќ на Инстаграм.