ФОТО: Манасков и Веспрем го освоија Купот на Унгарија!

Дејан Манасков постигна еден гол во триумфот над данскиот Алборг/Фото: EPA-EFE/Tamas Vasvari

Денеска во големото финале екипата на Веспрем триумфираше со резултат 28:26 против составот на Пик Сегед.

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков придонесе во победата со два голови, а најефикасен беше Јахја со шест, по пет имаа Ненадиќ и екс членот на Вардар 1961, Рожерио Мораеш.

На спротивната страна најрасположен беше Радивојевиќ со шест голови, еден помалку запиша Кашпарек.

Претходно во полуфиналето од Купот Веспрем беше подобар од Балатонфуреди (43:26), а на тој меч нашето лево крило запиша пет погодоци.

И во шампионатот Пик Сегед е најголемиот ривал на Веспрем, иако таму моментно на табелата бодовната разлика е голема. Екипата на Давид Дејвис има огромни „плус 11“ пред второпласираниот Пик Сегед, но и три меча повеќе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот