ФОТО: Манасков до клупски рекорд, Македонецот за историја со Веспрем!

Фото: twitter.com/telekomveszprem

Нашето лево репрезентативно крило ја одигра една од најдобрите партии во својата кариера, во дресот на унгарскиот ракометен гигант Веспрем.

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков постигна дури 16 голови во победата на неговиот клуб против Ференцварош.

Веспрем денеска објави дека е постигнат клупски рекорд на тој натпревар.

– Дејан Манасков постигна нов клупски рекорд со 16 голови на вчерашниот меч. Никој не реализирал толку многу погодоци во еден натпревар во ракометната историја на Веспрем. Честитки – напиша Веспрем на својот Твитер профил.

Секако ова е добра вест и за нашиот селектор Данило Брестовац кој имаше успешен старт во квалификациите за ЕП со победите над Финска и Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот