ФОТО | Малото момче од „Титаник“ сѐ уште заработува од филмот: За тоа е заслужна неговата мајка

рис томпсон
Рис Томпсон во „Титаник“ / Фото: Принтскрин Јутјуб

Канадскиот актер Рис Томпсон, кој многумина го паметат по неговата улога на малиот Ирец во легендарниот филм „Титаник“, откри дека и по 25 години од премиерата на филмот, сè уште заработува од неговата мини улога, пренесува „Belfast Live“.

Актерот имал само пет години кога ја добил улогата во филмот, во кој глуми момче кое патува во бродот сместен во ниската класа и  трагично загина со неговата мајка и сестра во страшната несреќа.

Неговата улога во филмот беше навистина мала, но навистина значајна, бидејќи ја прикажува многу поголемата трагедија на најсиромашните патници кои ги загубија своите животи меѓу првите патници.

Иако не се сеќава на деталите од снимањето на филмот, како што вели секоја година добива хонорар за филмот „Титаник“.

Кариерата ја започнал уште како мал и првите ангажмани му биле како дете модел, а потоа добил договор со агенција откако победил на еден натпревар. Агентот тогаш и на неговата мајка ѝ понудил две опции за Рис – улога во реклама за бензинска пумпа или можност за улога во „Титаник“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by showbuzz.hr (@showbuzzhr)

Иако рекламирањето било посигурна опција, неговата мајка избрала нејзиниот син да се појави накратко во „Титаник“, кој на крајот стана вториот најуспешен филм во историјата.

Денес, 33-годишниот Рис Томпсон се занимава со дигитален маркетинг во Јута и поседува центар за скијање и сноубординг.

Видео на денот