ФОТО | Малиот црн провиден фустан на Кејт Мос

Фото: Профимедиа

Малиот црн фустан ќе ги нагласи вашите убави облини, а ќе ги скрие помалку добрите страни на телото. Во него секогаш ќе изгледате убаво и елегантно. И многу секси, а нималку вулгарно.

„Црниот фустан може да го носите секогаш. Може да го носите на било која возраст. Може да го носите речиси во секоја пригода. Би можел да напишам цела книга за него“, гласи една од најпознатите изјави на  Кристијан Диор.

Шармантната британка само ни ја потврди славната изјава на дизајнерот, а притоа ни потврди дека и дека малиот црн фустан не мора да биде здодевен.

Во текот на модната недела во Париз луксузниот бренд „Yves Saint Laurent“ ја претстави новата колекција за пролет/лето 2023 година, а ревијата е одржана под Ајфеловата кула, под ѕвездено небо. Овој спектакл од првиот ред го следеа и бројни познати дами – Кејт Мос, Ања Рубик, Ана Дело Русо, Роузи Хантингтон – Вајтли, Хејли Бибер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ruver (@ruverco)


Вниманието најмногу го привлече Кејт Мос, појавувајќи се во елегантнo, едноставнo, а сепак неверојатно ефектно издание, кои многумина ги остави без здив.

Прославената манекенка е позната по класичните модни парчиња, па и овој пат се определи за нешто класично од женскиот гардеробер, односно мал црн фустан.

Кејт заблеска во припиениот фустан со долги ракави од растеглив материјал и со набори на двете страни, а на оваа тоалета која асоцира на 1990-тите се потпишува YSL и неговата цена е околу 2.000 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Moss Agency (@katemossagency)

Манекенката целиот изглед го надополни со богато, вештачко крзно во црна боја, со впечатлив накит во златна боја и убави сандали со ремчиња. Таа изгледот го зачини со црвен кармин, заводлива шминка и залижан кок.

Посебен секси-печат донесе нејзината одлука да не носи градник, па така брадавиците многу јасно се гледаа низ тенката ткаенина. Без обзир на овој предизвикувачки детаљ, изданието на Кејт нам многу ни се допадна, а што велите вие?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот