ФОТО: Македонскиот голман Димитриевски во тимот на колото во Европа

фото: EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Нашиот репрезентативен чувар на мрежата имаше нов одличен настап во дресот на Рајо Ваљекано, имаше значаен придонес во ремито на „Камп Ноу“ против големиот фаворит Барселона (0:0).

Благодарение на неговите одбрани, Столе Димитриевски добива пофалби од сите страни, а воедно веќе се најде и во тимот на колото во Европа.

Македонскиот голман со петте одбрани се запиша во историјата како еден од ретките кој трет меч по ред завршува без примен гол против славната Барса.

Каталонскиот гигант потроши 200 милиони евра за трансфери ова лето, ни Левандовски не им помогна да ја затресат мрежата на Димитриевски.

Во тимот на колото во Европа покрај Македонецот се наоѓаат уште Нејмар (ПСЖ), Габриел Жезус (Арсенал), Душан Влаховиќ (Јувентус), Жоао Феликс (Атлетико Мадрид), Матијас Јенсен (Брентфорд), Кевин де Брујне (Манчестер сити), Давид Алаба (Реал Мадрид), Бен Ми (Брентфорд), Бенжамин Павар (Баерн Минхен) и Рис Џејмс (Челси).

Исто така нашиот репрезентативец е и во тимот на колото во шпанската „Ла Лига“ во изборот на познатиот магазин „Мундо Депортиво“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот