ФОТО | Македонската Суперлига во топ 8 првенства со најмногу ракометари на Мундијалот

Фото: РФМ

Освен што Светското првенство е собир на најдобрите репрезентации кои се борат за трофејот, сепак тоа е и показател на квалитетот на првенствата. Очекувано, во овој момент најмногу ракометари на Мундијалот доаѓаат од германската Бундеслига.

Од вкупно 563 ракометари во 32 репрезентации 86 доаѓаат од Бундеслигата. Долго време германската лига се смета за најдобрата во светот и таму играа најмногу квалитетни ракометари.

Веднаш зад Бундеслигата е француската Лига 1. Од ова првенство на Мундијалот доаѓаат 50 ракометари. Во топ осум место доби и македонската Суперлига со 18 ракометари, секако најголем дел се ракометари од македонската репрезентација. Од странските на Светското првенство се Урбан Лесјак и Мирко Радовиќ од Еурофарм Пелистер и Јан Чувара од Вардар.

Нашата Суперлига се наоѓа на осмата позиција и пред нас со 21 ракометар е Саудиска Арабија. На прв поглед ова можеби е изненадување, но не е ако се знае дека целата нивна репрезентација игра во нивното домашно првенство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by datahandball (@datahandball)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот