ФОТО: Македонија води на полувреме, Велковски стрелец на првиот гол во ерата на новиот селектор Милевски

Македонија води со голот на Дарко Велковски/ фото: ФФМ/Петр Стојановски

Фудбалската репрезентација на Македонија има предност од 0:1 по првите 45 минути на квалификацискиот натпревар за пласман на СП 2022 година против Исланд кој се игра во Рејкјавик.

Голот го постигна Дарко Велковски во 11 минута, и ова е прв гол на македонската репрезентација под водство на новиот селектор Благоја Милевски.

Македонија го постигна првиот гол во ерата на новиот селектор Благоја Милевски/ фото. ФФМ/Петр Стојановски

На одлично изведениот корнер од страна на Езгјан Алиоски, Велковски беше најспретен во петерецот на голманот Рунарсон, излезе на првата статива и со глава ја смести топката во мрежата.
До крајот на полувремето избраниците на селекторот Милевски ги контролираа случувањата на теренот, но немаше промени на резултатот.

 

Видео на денот