ФОТО: Македонецот блескаше во Кипар, Тричковски во тимот на сезоната

фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Зад себе поранешниот македонски репрезентативец имаше уште една одлична сезона во дресот на АЕК Ларнака.

Во најсилниот кипарски шампионат Иван Тричковски во 29 запишани настапи постигна вкупно 14 голови.

Благодарение на свои перформанси е избран во тимот на сезоната во најсилното кипарско првенство.

Во својата клупска кариера нашиот играч настапуваше уште во Вардар, Работнички, Црвена звезда, Енозис Неон Паралимни, АПОЕЛ, Клуб Бриж, Ваасланд-Беверен, Ал-Наср и Легија Варшава.

Тимот на сезоната во Кипар: Александар Јовановиќ (Аполон), Факундо Забала (АПОЕЛ), Валентин Роберже (Аполон), Гордон Шилденфелд (Арис), Ховханес Хамбарџумјан (Анортоза), Костакис Артиматас (Анортозис), Кингсли Сарфо (АПОЕЛ), Амр Варда, Силва (Пафос), Ѓорѓи Квилитаја (АПОЕЛ) и Иван Тричковски (АЕК).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот