ФОТО: Мајли Сајрус носи „сатански патики“ кои во ѓонот содржат капки човечка крв

Instagram - Twitter
Instagram - Twitter

„Nike“ го тужи уметничкиот колектив Бруклин MSCHF поради контроверзниот пар „сатански патики“, кои содржат капка човечка крв во ѓонот, но тоа не ја спречи позната пејачка Мајли Сајрус, да ги купи и да ужива во нивната удобност, бидејќи според дизајнот се модификација на „Nike Air Max 97s“.

MSCHF во понеделникот објави 666 пара патики во соработка со раперот Лил Нас Х и вели дека се распродадени за помалку од една минута. Еден од купувачите била и поп – рок ѕвездата Мајли Сајрус, која фотографиите во овие патики ги објави на својот инстаграм – профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus)


„Го гледате ли сатаната?“, напиша пејачката во описот на фотографиите.

Лансирањето се совпаѓа со објавувањето на спотот за новата песна на Лил Нас Х „Montero (Call Me By Your Name)“, во која раперот оди „од рајот во пеколот“ во „сатанските патики“.

Контроверзните патики чинат 1.018 долари, а во ѓонот содржат и една капка човечка крв, што ја донирале членовите на уметничкиот колектив.

Направени се исто како „на сатаната“ – украсени се со превртен крст, пентаграм, натпис „Лука 10:18“ (повикување на библискиот стих: „Тој им рече: видов дека Сатана паѓа како молња од небото“) , број 666, но исто така и заштитното лого на брендот „Nike“ затоа што според дизајнот се модификација на „Nike Air Max 97s“ и компанијата веќе има проблеми поради тој избор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот