ФОТО | Магичната деветка: Поранешните ангели на „Викторија Сикрет“ повторно заедно
Магазинот „More or less“ го привлече вниманието на јавноста кога девет поранешни ангели на „Викторија Сикрет“ се собраа на едно место, поточно на насловната страница на споменатото списание.
View this post on Instagram
Иако светот ги знаеше како ангелите на „Викторија Сикрет“ од златната ера на манекенството, модните уредници и стилисти решија да ги променат нивните препознатливи карактеристики по повод оваа фотосесија. Наместо ангелите на „Викторија Сикрет“ тие беа блескави ангели на земјата.
View this post on Instagram
Покрај Кендис Свинапоел, Елса Хоск и Алесандра Амброзија, насловната страница на списанието „More or less“ ја красеа и Стела Максвел, Сара Сампајо, Марта Хант, Лили Олдриџ, Леис Рибеиро и Леоми Андерсон.
View this post on Instagram
Сите девет модели уште еднаш ја покажаа својата убавина и професионалност. Според стилистот Кезако Парис, целта на овие облеки била да се истакне важноста на навидум малите нешта. Со други зборови, „она што некому му е неважно, на друг му е многу важно“.