ФОТО | Мадона објави фотографија со сите нејзини деца: Семејството ми е лек за душата

Фото: Инстаграм/ madonna

Мадона покажа како го помина Денот на благодарноста.

Поп ѕвездата објави серија фотографии на Инстаграм со сите нејзини деца и нејзиниот татко. Мадона има шест деца, па на фотографиите позира со Лурд, Дејвид Банда, близнаците Стела и Естере, Роко и Мерси Џејмс. Мадона ретко ги покажува своите деца на социјалните мрежи, а на сликите овде е и нејзиниот татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Под фотографиите пејачката го опиша тешкото искуство по смртта на нејзиниот брат.

“Се раѓаме во семејства и создаваме свои. Како што одминува времето, сè повеќе ги ценам оние мали животни универзуми кои танцуваат околу мене и ме учат секој ден. Моето семејство доживеа многу загуби оваа година”, напиша таа.

„Татко ми го издржа тоа достоинствено. Гледајќи го како плаче на гробиштата додека го погребавме брат ми Кристофер и тоа веднаш откако ја загуби сопругата, беше момент што никогаш нема да го заборавам. Поминувањето време со него и сите мои деца на Денот на благодарноста беше лек за душата“, го отвори срцето Мадона.

Братот на Мадона, Кристофер Чиконе, почина на почетокот на октомври по битка со ракот.

„Толку долго тој беше најблискиот човек во мојот живот. Тешко е да се објасни нашата врска. Но, тоа произлезе од разбирањето дека ние сме различни и дека општеството ќе ни создава тешкотии затоа што не го следиме ‘статус кво’. Се држевме за раце и танцувавме заедно низ лудилото на нашето детство“, напиша тогаш пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот