ФОТО | Мадона го прослави 64. роденден на Сицилија: Бакнување со девојки и чинија со марихуана

Фото: Инстаграм

Славната поп-икона Мадона вчера наполни 64 години. Иако сè уште не престанува да шокира со својот начин на живот и однесување, таа и за овој ден приреди изненадување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)


Мадона Луиза Вероника Чиконе е родена на 16 август 1958 година. Во 1982 година, светот имаше можност за првпат да ја слушне Мадона. Но, никој не знаеше како таа изгледа бидејќи нејзината фотографија не беше ставена на синглот, за да ја привлече и црнечката публика. По „Everybody“, вториот сингл беше „Burning Up“. Беше потпишан договор со издавачката куќа „Ворнер брадерс“ и Мадона доби дозвола да го сними целиот албум.

Продажбата на Мадона добро се зголеми и таа имаше успех на топ-листата на синглови на „Билборд“. Албумот е продаден во 8 милиони копии ширум светот, а песната „Lucky Star“ ја имаше највисоката позиција на табелата – 4-то место. На насловната страна беше прикажана русокоса Мадона со различни синџири околу вратот и рацете. На внатрешната страна беше нејзиниот папок кој потоа стана нејзин заштитен знак.

Така почнала, останатото сите го знаеме, а денес е една од најпознатите поп-икони во светот и решила да потроши добра сума за својот роденден. Според извори кои ги пренесоа странските медиуми, пејачката решила да потроши илјадници долари само за летот на своите најблиски, не зажалила, за што зборува и местото каде што одлучила да се опушти далеку од очите на јавноста – „Palazzo Castelluccio“ во Сицилија, Италија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)


Имено, таа веќе била со децата на ова место, по повод уште една роденденска забава. Очигледно гламурозна сакала да ја продолжи и својата прослава, па излегоа и некои детали од неименувани извори.

„Палатата не е ништо помалку од спектакуларна. Можам само да замислам, десетици илјади долари потроши во една вечер. Но, кога вредиш 700 милиони фунти, парите не се проблем“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Изворот, исто така, навел дека планирала да вечера и да наздрави под ведро небо, меѓутоа, она што не е сосема јасно е дали сега организирала заедничка забава со синот Роко, чиј роденден веќе беше на 11 август.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)


На снимките, Мадона и нејзините деца – вклучувајќи ги Рок, Дејвид Банда, Мерси, Стела и Естера – седеле на убаво украсената маса во градината додека слушале бенд во живо. Мадона објави и видео на Инстаграм, на кое покажува како започнува гламната забава, седела во лимузина и се бакнувала во уста со своите пријателки. Покрај тоа, таа на Снепчет сподели и фотографија со полна чинија марихуана, држејќи цигара во устата…

Фото: Инстаграм

ФОТО | „Изгледа подобро од мене“: Мадона и нејзиниот син облечени во ист фустан

Мадона го режира својот биографски филм: Морав да ги земам работите во свои раце

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс се обидел да ѝ ја уништи свадбата: Полицијата го уапсила

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот