ФОТО | Луксузен рај: Островот познат како „Бункер на милијардерите“ ќе биде дом на Иванка Трамп

Profimedia
Фото: Профимедиа

Откако ѝ заврши службата во Белата куќа, ќерката на Доналд Трамп се повлече со семејството во најпознатото живеалиште кое го нарекуваат „Бункер на милијардерите“, каде што пристап имаат само оние чии сметки се полни со милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump)

Претходните четири години таа ја носеше титулата „првата ќерка на Америка“ и му беше десна рака на поранешниот претседател, „владетелка од сенка“, личност од доверба. Сега кога татко ѝ повеќе не е на чело на најмоќната земја од светот, Иванка Трамп може да здивне и ужива.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump)

По заминување од Вашингтон цело семејство се собра на Флорида, на имотот „Мар-а-Лаго“, еден од најскапите во САД. На Доналд и Меланија во Палм Бич прво им се придружи неговата најстара ќерка со сопругот и децата, а потоа таа изнајми луксузен апартман на островот Индијан Крик, познат и како „бункер на милијардерите“, близу до резиденцијата на Трамп.

Иванка за Флорида е врзана од најраното детство. А со оглед дека во иднина најверојатно оваа сојузна држава ќе ѝ биде база, таа реши баш тука да се „закотви“. Изборот падна на островот кој важи за најсигурно место на светот – триесетина недвижнини се под будното око на полицијата, а дополнително секоја има и приватно обезбедување. Иванка со сопругот Џаред Кушнер издвоија триесет милиони долари за земјиште на брегот од заливот Бискејн, кое го има работниот назив „парцела 4“. Американските медиуми наведуваат дека тој плац со површина од 1,85 хектари претходно бил сопственост на Хулио Иглезијас.

Profimedia
Profimedia

„Мар-а-Лаго“ е во непосредна близина, како и братот на Џеред, Џошуа со неговата сопруга супермоделката Карли Клос, кои неодамна купија куќа во Мајами.

Додека работеше како советник на Трамп, дамата од сенка со мажот и трите деца живееја во отмената четврт Калорам во Вашингтон, каде што изнајмуваа вила од 1923 година за 15.000 долари месечно. Имаат пентхаус во њујоршката Парк авенија и викендичка во елитната населба Хемптонс. Соседи на Индијан Крик ќе им се Адријана Лима, Ел Макферсон, Жизел Бундшен и Том Брејди, како и магнати чии имиња не ѝ се познати на јавноста, но се на листата најбогати луѓе во светот.

Иванка веќе почнала да прави долгорочни планови и на имотот планирано е да никне луксузна вила со приватно пристаниште и плажа. Инаку, данок за земјиште овде чини вртоглави 472 илјади долари годишно.

Profimedia
Profimedia

Критичарите на Трамп сметаат дека „парцелата 4“ била стратешки потег. Имено, тој сериозно размислува за основање на нова Патриотска партија, бидејќи има намера еден ден повторно да се всели во Белата куќа. Во тоа треба да ми помогне токму втората најважна жена во неговиот живот. Но има време. Иванка неодамна изјави дека во наредниот период повеќе ќе им се посвети на децата Арабела, Теодора и Џозеф. Флорида е совршено место за идиличен и мирен семеен живот, но и остатокот од династијата е близу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот