ФОТО | Луѓето објавуваат фотогорафии: Во рускиот „Мекдоналдс“ им служат мувлосани плескавици

Рускиот Мекдоналдс, „Вкусно и точка“/ Фото Evgeny Odinokov / Sputnik / Profimedia

Руските ребрендирани ресторани на „Мекдоналдс“ се фатени како им служат мувлосани хамбургери на  гостите откако синџирот ја напушти земјата поради инвазијата на Украина.

Корпорацијата „Мекдоналдс“ целосно ја напушти Русија претходно оваа година, продавајќи ги сите ресторани што ги поседуваше на локален сопственик на лиценцата во мај. Под новото име „Вкусно и Точка“, или „Вкусно и тоа е тоа“, 50 ресторани во и околу Москва беа повторно отворени во јуни.

Но, гостите се пожалиле на мувла на лепчињата на нивните плескавици во неколку продавници, вели Ксенија Собчак, популарна ТВ-личност и најистакнатата политичарка во руската опозиција.

Одделно, „нозе од инсекти“ се пронајдени и во руските хамбургери.

„„Вкусно и Точка“ продава мувлосани хамбургери“, објавила Собчак на нејзиниот канал Телеграм, додавајќи: „Изгледа дека тие не ги почитуваат баш стандардите на „Мекдоналдс“, барем во однос на контролата на квалитетот на производите. Денеска се забележани најмалку три случаи на плескавици со мувлосани лепчиња продадени на муштерии.“.

Други се жалеле дека чизбургерите имаат мошне малку месо и дека на некои сосови им поминал рокот.

Портпаролката на синџирот изјави за „Њузвик“ дека контактирале со производителот за дополнително појаснување и нагласиле дека „квалитетот и безбедноста на производите се нивниот главен приоритет“.

Мекдоналдс по 30 години заминува од Русија

ФОТО+ВИДЕО | Русите полудеа по затворањето Мекдоналдс: Купуваат бургери онлајн за 300 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот