ФОТО | Луѓето на интернет го исмејуваат новото име на Фејсбук, ова се најинтересните коментари

Фејсбук Марк Закерберг
Логото на Фејсбук, со фотографија на Марк Закерберг / Фото: EPA/RITCHIE B. TONGO

Извршниот директор на „Фејсбук“ Марк Закерберг синоќа објави дека неговата компанија под која се социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Ватсап го менува името во Мета.

Ребрендирањето би можело да биде дел од обидот да се спаси угледот на Фејсбук и да се оддалечи компанијата од големиот број скандали што се случија неодамна.

Името на социјалната мрежа Фејсбук останува исто, додека компанијата „Фејсбук“ има ново име и лого. Веста за неколку моменти го обиколи светот, а на социјалните мрежи, особено на Твитер, се редат коментари и „мемиња“ со потсмев за новото име на компанијата на Закерберг.

Екипата на Твитер е полна со исмејувачки коментари за новото име на компанијата, а освен што го напаѓаат Закерберг за бројните скандали на Фејсбук, му забележуваат и дека новото име е здодевно.

Ова се некои од најпопуларните објави на Твитер:

„Се вика Мета затоа што метастазирало и нè убива.“

„Го уништија реалниот свет, сега нека го уништат и мета светот.“

 

„Сето ова се случи бидејќи Закерберг не запознал девојка пред факултетот“.

 

„Фејсбук го сменил името во Мета затоа што името Отров би било премногу буквално мета (цел).

„Нашето ново име е Мета.“

 

„Тој навистина не ја сака реалноста“

Твитерџиите дефинитивно се инспирирани од новото име на Фејсбук и од минута во минута се појавуваат нови објави со тема Мета.

Видео на денот