ФОТО | Луда шега: Ник Кенон доби подарок автомат за кондоми, откако објави дека ќе стане татко по осми пат

Американскиот комичар, актер, рапер и телевизиски водител, Ник Кенон, добил на подарок автомат за кондоми, откако објавил дека ќе го добие осмото дете.
Минатата недела 41 годишниот шоумен во своето шоу „The Nick Cannon Show“ откри дека ќе го добие осмото дете со манекенката Бре Тиси, а денес се пофали со подарокот на својот Инстаграм профил, без да открие кога го добил.
„Изгледа некој порано ми испрати подарок за Денот на вљубените! Автомат полн со Magnum (бренд кондоми)“, сподели комичарот. Бројот на деца, но и комплицираниот љубовен живот често се предмет на шеги и на интернет корисниците и на другите познати личности. Кенон зад себе има само еден брак, а со четири сопруги имал седум деца, додека со петтата партнерка го чека осмото.
View this post on Instagram
Тој беше во брак со пејачката Мараја Кери, со која ги има близнаците Монро и Марокан Скот, од 2008 до 2016 година. Потоа уште две деца со манекенката Британи Бел, синот Голден во февруари 2017 година и ќерката Пауерфул Квин (буквално преведена како Моќната кралица), во декември 2020 година. Со неговата тогашна партнерка Аби де ла Роса, тој ги доби близнаците Зион и Зилион на 14 јуни 2021 година, а со манекенката, Алиша Скот, на 23 јуни го доби синот Зен, кој почина како петмесечно бебе.