ФОТО | Луда диско забава за дочек на 2022: Безос со девојката облечени во светки и љубовни очила!

џеф безос
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Вториот најбогат човек на светот, Џеф Безос, новата година ја дочекал со својата девојка Лорен Санчез покрај базен на францускиот остров Свети Вартоломеј (St. Barts).

ФОТО | Секое утро појадувал кутија бисквити, не ни сонувал ваков успех: Како Џеф Безос стана милијардер?

Во друштво на неговиот помлад брат Марк, синот на Лорен, Нико и поранешната НФЛ ѕвезда Тони Гонзалес.

„Имавме луда диско забава со семејството. Новата година е одлична можност да се фокусираме на личниот раст, обновувањето, повторното раѓање и да обрнеме внимание на секој момент од животот. Добри и лоши, сите моменти. Славете и растете“, им порача Безос на своите следбеници и пријатели на „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Bezos (@jeffbezos)

Во морето коментари под фотографијата се оглси и Лорен.

„Те сакам, душо. Поради сите причини и без причина“, Лорен му се обрати на Безос.

Дали се очекува венчавка: Девојката на Џеф Безос забележана со голем прстен на „оној“ прст

Инаку, Безос и Лорен ја потврдија својата врска во 2019 година. Основачот на „Амазон“ се разведе од Мекензи Скот истата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот