ФОТО | Љубов кон животните од мали нозе: Преслатката Маргарита е најмладиот вдомувач на кученце од ЈП „Лајка“

Фото: ЈП „Лајка“

Малечката Маргарита, која наскоро ќе полни 2 години, е најмладиот вдомувач на кученце од јавното претпријатие „Лајка“. Ова шармантно девојче целосно е посветено на својот крзнен пријател Теди и тие се неразделни – деновите им поминуваат во игра и забава, ги делат оброците, па дури и спијат во ист кревет.

– Важно е најмладите генерации да се едуцираат од најрана возраст и да развиваат љубов кон животните, но и да се поттикнуваат да вдомуваат и да бидат одговорни. Воспитувањето во духот дека кучето е најдобар пријател на човекот генерира здрави личности со поголема свесност и емпатија, велат од ЈП „Лајка“.

Фото: ЈП „Лајка“
Фото: ЈП „Лајка“
Фото: ЈП „Лајка“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот