ФОТО: Линда Еванџелиста – другиот живот на модната камелеонка

Од кревет не стануваше за помалку од 10.000 долари дневно, но животот ѝ тргна во поинаква насока – губење дете, борба за старателство и обвиненија на сметка на поранешниот сопруг за сексуална злоупотреба.

Instagram

Благодарение на убавината, Линда Еванџелиста брзо стана една од напопуларните макенки од 90-тите години на минатиот век, но со една драстична промена на фризурата, оваа канадска убавица со италијанско потекло, прво го шокираше модниот свет, а подоцна токму тоа ѝ донесе светска слава.

И додека нејзините колешки размислуваат за тоа дали ќе прифатат уште некоја модна соработка, иако одамна се заминати во службена манекенска пензија, најпознатата „модна камелеонка“ води тешка животна битка. Поранешниот сопруг на Линда Еванџелиста, Жерар Мари, со кој во брак помина шест години, е под истрага откако неколку жени го обвинија дека сексуално ги злоупотребувал додека биле манекенки и се обидувале да изградат манекенска кариера.

Instagram

Имено Мари, кој со децении водеше една од најпрестижните светски модни агенции, „Елит модел“ во Париз, и со коосновачот Џон Казабланка е заслужен за успехот на Наоми Кемпбел, Синди Крафорд, Хелена Кристенсен и други, наречен е „Харви Вајнстајн на модниот свет“. Тој ги негира обвиненијата.

Неговото однесување со години беше јавна тајна во Париз, но никој не ги заштитил младите наивни девојки, кои во најранливиот период доаѓале да станат супермодели и да стекнат светска слава.

Линда Еванџелиста во целост им верува на жените што го обвинија нејзиниот поранешен сопруг и им се воодушевува на силата и храброста конечно да прозборат јавно. Но, од друга страна, таа се оградува од сè:

Прочитајте и...  Владо Георгиев доби 10-годишна забрана за влез во Црна Гора!

Во текот на мојата врска со Жерар Мари, не знаев ништо за неговите сексуални злоупотреби, поради тоа не можев да им помогнам на тие жени – изјави таа.

Еванџелиста со Синди Крафорд/Instagram

Линда Еванџелиста е родена во 1965 година, во Канада, во семејство на италијански мигранти. Поради нејзиниот изглед, особено поради зелените очи, модните агенти ја забележале како тинејџерка на локален избор за убавина. Но поради еден настан за малку ќе се откажел од модниот свет.

При првото патување во Јапонија, кога таа имала само 16 години, Линда се јавила во канадската амбасада и побарала да ѝ помогнат да се врати дома откако од неа било побарано да позира гола.

Потоа таа му се посветила на учењето, а откако завршила средно училиште, мајка ѝ ја наговорила да му даде втора шанса на манекенството. Во 1981 година ја однела во Њујорк, каде Линда потпишала договор со модната агенција „Елит“. ОТтаму во 1984 година ја испратиле во Париз и по три години работа трудот се исплател, па таа се појавила на насловната страница од списанието „Вог“.

Еванџелиста со Синди Крафорд/Instagram

Во 1987 година, кога имала 22 години, Линда се омажила за шефот на модната агенција Жерар Мари и почнала да добива многу ангажмани, но предлогот на фотографот Питер Лидберг да ја скрати долгата коса, ја однесол во врвот на модниот свет. Иако на почетокот тоа ја чинело откажување неколку ангажмани, по неколку месеци нејзината фризура станала глобален тренд. Кога сфатила дека може да биде поинаква од другите, Линда продолжила со своите драматични промени на изгледот, поради што го добила прекарот „модна камелеонка“.

Прочитајте и...  Пет работи што му се случуваат на телото ако не си ја сакате работата

Благодарение на сличноста со италијанската филмска икона Софија Лорен, Еванџелиста брзо станала заштитно лице на „Версаче“, на „Ревлон“, а во 1990 година списанието „Пипл“ ја стави на листата 50 најубави жени во светот.

Еванџелиста со Трамп/Profimedia

Се разбира, сето тоа довело до разгаленост и избирање дали ќе работи или не, а оттогаш остана позната нејзината историска изјава дека „не станува од кревет за сума помала од 10.000 долари“. Сепак, во модниот свет ја обожавале поради нејзината професионалност и како личност која не живее луд, разуздан живот. Токму затоа заедно со колешките Наоми Кемпбел, Клаудија Шифер, Синди Крафорд и Кристи Тарлингтон станале супермодели и до денес на нив се гледа како на феномен.

EPA/DI MAURO

Откако во 1993 година се разведе од Мари, Линда се пресели во Америка, каде што на една фотосесија го запознала актерот Кајл Меклахан со кого започнале врска, па се свршиле, но по шест години сфатиле дека не се еден за друг. Во 1998 година, само една година откако оди во манекенска пензија, Линда ја започнала врската со францускиот фудбалер Фабиен Бартез, со кого биле во голема љубов и ја објавија веста дека чекаат бебе. Но, за жал, во шестиот месец од бременоста Линда доживеала спонтан абортус и тоа влијаело на нејзината врска со Бартез. По три години таа се вратила во модниот свет, па на 36 години почнала да снима насловни страници со Мари Тестин, а понуди стигале од сите страни. Но, во едно интервју таа откри дека многу жали што не е реализирана како мајка.

Прочитајте и...  Ана Ивановиќ откри која е нејзината омилена храна, одговорот ги воодушеви сите
Profimedia

Тоа ѝ се исполни на 41 година, кога во 2006 година го роди синот Агустин Џејмс, а идентитетот на таткото го држеше во тајност. Откако тајниот бизнисмен не сакаше да го признае детето и да плаќа алиментација, Линда реши да побара помош од судот. Тогаш е откриено дека татко на детето е францускиот могул Франсаоа – Онри Пино, кој откако ја прекинал врската со неа, започнал врска со Салма Хајек.

EPA/MATTEO BAZZI

Во јавноста протекоа многу детали, меѓу кои и податокот дека барал од Линда да абортира, а таа одбила и побарала да го признае синот и да ѝ плаќа месечна алиментација од 46.000 долари, што на крај судот го одобри.

Денес Линда живее далеку од модниот свет, а нејзините последни фотографии покажуваат дека нејзината убавина не бледее. Таа е целосно посветена на синот и со него ужива во благодетите од животот.

Instagram

Поврзани вести

ФОТО: Погледнете каква убавица има покрај себе фудбалерот Дарко Велковски!

Васко Спасовски

ВИДЕО: Сара Мејс плачеше во емисија во живо!

Слободен Печат

Во „Круната“ изоставен најголемиот скандал, вооружениот обид за киднапирање на принцезата Ана

Слободен печат

ФОТО: Една од најплатените и најубави жени во Холивуд наполни 36 години – Да се потсетиме како се менуваше таа низ годините

Слободен Печат

ВИДЕО| Џенифер Лопез и Малума на Американските музички награди: Танчерите со маски, а тие посекси од кога било!

Слободен Печат

ФОТО| Најпосакуваниот актер на светот во доброволна акција: Бред Пит ја покажа хуманоста на дело

Слободен печат

Остави Коментар