ФОТО | Лидија изработува црквички и куќички од даровите на природата: Mинијатурни дела кои го бележат македонското време!

Фото: Принтскрин / Instagram

Охриѓанката Лидија Танаскоска, по професија конфекциски техничар, изработува дрвени мали експонати, куќички и црквички, како наследничка на татка си, мајсторот на овој занает.

Вели дека е љубителка на природата, често излегува на свеж воздух, на поршетка покрај Езеро, а секогаш на брегот има исфрлена трска во различни бои, и оттука почнува креативната приказна на раѓањето на овие мали уметнички дела.
– Во зависност од тоа колку трската стоела во вода, добила различна боја, па оттука е шаренилото на покривите, прозорчињата, вратите, од светло жолта нијанса до црна боја – ни објаснува Лидија.
Иако трската го има главниот збор, сепак, ништо бе шишарките, желадите, сувото цвеќе и други дарови на природата со кој се надополнува изгледот на куќичките изградени од камчиња во различни бои.
– Сè е природно – нагласува нашата уметница.
Отсекогаш го сакала селото, старите едноставни куќи – секоја со своја посебна приказна. Ги обожава малите селски црквички.
– Тие се мали, а луѓето тогаш имале поголема верба. Тука се живеело скромно и среќно. Јас само сакам дел од таа убавина, спокој и чувство на слобода да го пренесам во својот дом. Оттука моја инспирација е секое село, посебно моето, Плаќе, од каде ми се и корени – раскажува Лидија.
 За да се изгради една куќичка, потребни се два – три дена. Секако, за совети тука е татко ѝ, долгогодишниот мајстор кој изработува…

Целиот текст и фотографиите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот