ФОТО | Лепа Брена ја покажа луксузната јахта: Летен одмор по Медитеранот

Фото: Принтскрин / Instagram

Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живоиновиќ летово уживаат на својата луксузна јахта долга 30 метри, за која наводно платиле околу 6.000.000 евра. Имено, оваа година тие решиле својот одмор да го поминат по Медитеранот со сестрата и пријателите на пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Ѕвездата објави неколку фотографии на својот инстаграм-профил на кои заедно со своите пријатели и членови на семејството позираат пред луксузната јахта, велејќи дека ужива во одморот.

„Патуваме затоа што патувањето, различноста и далечината се тајните освежувачи на креативноста на нашиот ум“, напиша Брена во описот на фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Имено, јахтата има шест спални соби, но досега никој од пошироката јавност не знае како изгледа нејзината внатрешност.

„Па, тоа е еден убав брод на околу 100 метри, со пет, шест спални соби. Тоа не беше подарок само за нашите души. Сакавме да си дозволиме нешто бидејќи тоа беше специфична ситуација“, откри Брена во една прилика.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

„Не можевме да се дружиме, можевме само да пловиме. Така, имав барем една година пауза и одмор за да поминам во она што навистина го сакав цел живот, да пловам и да бидам на вода. Обожавам море и вода. А сакам и бродови“, рече Брена во претходно интервју, пренесува српски „Телеграф“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот