ФОТО: Лени Кравиц и Џејсон Момоа се совршен пример за зрело однесување на поранешни и сегашни партнери
Сегашниот-Џејсон Момоа и поранешниот-Лени Кравиц сопруг на Лиса Бонет редовно си изјавуваат љубов и почит.
За време на викендот, музичарот и актер Лени Кравиц, кој бил во брак со Лиса Бонет од 1987 до 1993 година, објави фотографија на својот инстаграм-профил со Џејсон Момоа, кој е сегашниот брачен другар на Бонет.
View this post on Instagram
„Среќен роденден, @prideofgypsies“, стои во описот. „Горд сум што те викам брат. Една љубов. Едно семејство”.
Кравиц и Бонет ја делат ќерката, актерката Зое Кравиц, а Момоа и Лиса имаат и син и ќерка, Накоа-Вулф и Лола.
View this post on Instagram
Двајцата мажи ја имаат споделено својата љубов еден за друг и порано на социјалните мрежи, а минатата година Кравиц зборувал за нивната необична семејна врска со „Men’s Health“.
View this post on Instagram
„Луѓето не можат да веруваат колку сме блиски јас и Џејсон, ниту колку сме сè уште блиски со Лиса, како сме сите поврзани“, рекол Кравиц. „Го правиме тоа затоа што така треба. Ѝ дозволувате на љубовта да владее, нели?”
Извор: „CNN“