ФОТО: Лејди Гага и Полански се бакнуваат преку заштитни маска

EPA
Фото: EPA-EFE/Patrick Semansky / POOL

Пејачката Лејди Гага на својот инстаграм – профил објави фотографија од инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден, на која се бакнува со своето момче Мајкл Полански.

Instagram
Instagram

Тие се бакнуваа преку маски, а Гага во описот на фотографијата стави емотикон гулаб, што асоцира на златниот брош – гулаб кој го носеше на фустанот за време на инаугурацијата.

Инаку, Лејди Гага беше главната ѕвезда на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, а нејзината изведба на химната ја воодушеви јавноста.

Instagram
Instagram

Кога не пееше, седеше покрај своето момче скоро цело време, а Џенифер Лопез и нејзиниот партнер Алекс Родригез беа исто во нивна близина.

Гага и Полански официјално објавија дека се во врска во февруари минатата година, и оттогаш се неразделни, а често објавуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот