ФОТО | Лажна тревога: Баба заборавила куфер пред банкомат на скопска железничка, сите мислеле дека е бомба

Полицијата проверуваше на Железничката станица во Скопје/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Денеска во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Меѓународна автобуска станица – Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер.

Лажна тревога ја испразни железничката станица во Скопје/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

„Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, направени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за повозрасна жена која го оставила куферот, во кој имало облека односно нема никаква опасност за граѓаните“ велат од МВР за „Слободен печат“.

Полицијата проверуваше/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Додека траеше проверката вработените на Автобуската станица, како и вработените во казината и дуќаните од страна на бројни полициски сили беа дислоцирани на безбедна оддалеченост.

Паниката кај граѓаните поради заборавениот куфер/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Граѓаните делумно беа исплашени стравувајќи дека станува збор за подметната епслозивна направа, но откако мирно излегоа припадниците на МВР од Одделот за антитероризам и известија дека станува збор за лажна дојава, спласна напнатоста.

 

Видео на денот