ФОТО l Родителите на протест во Штип: Учениците да учат од книга, а не од компјутер!

Покрај главниот протестен марш во Скопје и во другите градови пред општинските згради се одржаа протести на родителите против дигитализацијата во образованието, па така и во Штип неколку десетици граѓани со своите деца го искажаа својот револт.

– Имам две деца и од финансиска гледна точка не ја поддржувам дигитализацијата. Немам услови и на двете деца да им обезбедам да учат од компјутер. Покрај тоа, ние сме против ова и од здравствен аспект, децата треба да учат исто како и ние, од книга, порача Тодорка Ѓошева, родител на две деца, која е дел од протестниот марш на родителите во Штип.

На протестот многу родители излегоа и со нивните дечиња, со цел да покажат дека ниту тие не ги поддржуваат новите реформи на Царовска.

Покрај родители и деца, на протестот имаше и незадоволни наставници.

– Дигитализацијата е лоша од здравствен аспект пред се. Замислете постојано пред компјутер или таблет, се криви рбетот, а на децата ќе им се оштети и видот. Како родител и наставник не ги поддржувам овие реформи – вели наставничката Билјана Алексова на протестот, додавајќи оти таа не верува оти училиштата ќе им обезбедат таблети на учениците.

– Не верувам дека учениците ќе добијат таблети и компјутери од државата, не верувам во тие тврдења. Тоа ќе падне на грб на родителите. Но, дури и да се обезбедат технички помагала ние бараме да се учи само од книга – додава Алексова одговарајќи на новинарско прашање на Слободен печат.

Покрај ставот против дигитализацијата, родителите во Штип побараа и учениците да се вратат на училиште со физичко присуство, посочувајќи оти тоа е за нивно добро и за правилен развој на секој ученик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот