ФОТО | ТВИТЕР ГОРИ, кумот на Маленко банкротираше: Сопругата на македонскиот Казанова е мајка на четири деца

Фото: Принтскрин/Instagram - Facebook

Сопругата на македонскиот Казанова, Метка Спаравец, е мајка на 4 деца. Спаравец – Маленко, која го додаде презимето на својот сопруг моментално работи како инструктор по пливање и терапевт за масажа во Марибор.

По бракот со водителката Сузана Турунџиева, Русинката Татјана Михалова Фјодорова, актерката Јелена Жугиќ и охриѓанката Фани, македонската пливачка легенда Александар Маленко пред два дена објави дека повторно запливал во брачните води.

Метка има 42 години и е родена во Марибор. Во 1999 година беше прогласена за спортистка на годината во својата родна земја – Словенија.

Фото: Принтскрин/Instagram

Очигледно брачните партнери се познаваат уште од Летните олимписки игри во Атланта каде што и двајцата се натпреваруваа, откако Маленко на објавата на својот инстаграм – профил напиша дека по 26 години кажале „ДА“.

На својот инстаграм – профил Метка има наведено дека е претприемач, а притоа и дека студирала на Економскиот факултет за Бизнис и Економија во Марибор.

ФОТО | Mаленко се ожени по петти пат: Сопругата е поранешна пливачка


Ова е петти брак за Александар, а тоа беше доволна причина „твитерџиите“ да се инспирираат и секако да му честитаат на оригинален начин.

Погледнете ги твитовите:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот