ФОТО | Куќата на сопственикот на „Беса транс“ ја чуваат полицајци

Фото: Бугарска национална телевизија

Вчера новинарска екипа на Бугарската национална телевизија пристигна во селото Рашче каде се обиде да стапи во контакт со Беким Хаџиу, сопственикот на „Беса транс“.

Тие успеаја да ја најдат неговата семејна куќа, но, според мештаните, Беким и неговиот брат Бедри моментално се во Бугарија.

Деновиве куќата на сопственикот на „Беса транс“ ја чуваат полицајци, информира екипата на БНТ.

Сопственикот имал закани за убиство, велат од полицијата, а пренесе БНТ.

Мевљан Исмани од село Рашче на новинарите од БНТ им раскажал дека возачот на автобусот е од блиското село Долно Свиларе. Според него, тој бил искусен возач кој долги години работел во јавен превоз. Исмани вели дека не знае како е можно да се работи за човечка грешка.

Фото: Бугарска национална телевизија

Се јави „осмиот патник“ Шади Салех: Немам ништо со несреќата, по грешка ме ставиле на списокот