ФОТО | „Крем“ друштво на роденденската журка на Бијонсе: Меган Фокс дојде по градник, Кардашијан во проѕирен фустан

Меган Фокс/Ким Кардашијан/Клои Кардашијан/Фото: Профимедиа

Откако ги наполни батериите во Хрватска каде и го дочека својот 41-ви роденден, музичката дива Бијонсе одлучила да направи голема роденденска забава во Бел-ер. Меѓу гостите беа и некои од најпознатите светски познати личности. Дрејк, Адел, сестрите Кардашијан, Лили Роуз Деп, Бела Хадид и Меган Фокс и нејзиниот свршеник, музичарот Машин Ган Кели беа само дел од присутните.

Меган Фокс и Машин Ган Кели/ Фото Профимедиа

Заедно со Ким Кардашијан, на забавата пристигнаа и мајката Крис и сестрата Клои, која со месеци го привлекува вниманието на јавноста поради врската со Тристан Томпсон. Сите прељуби на Тристан и се веќе познати на пошироката јавност, но изгледа дека парот се уште е во добри односи бидејќи и тој се појавил на забавата.

Бела Хадид/Фото: Профимедиа

На забавата била и Адел, во придружба на момчето Рич Пол, за кој се шпекулира дека ѝ е свршеник. Пејачката е фотографирана како ја напушта забавата со црвена пластична чаша во рака.

Адел/Фото: Профимедиа
Адел/Фото: Профимедиа

Ким Кардашијан носела црвено-црн комбинезон и високи потпетици, додека на лицето имала очила за сонце.

Фото: Профимедиа

Ванеса Брајант, Габриел Јунион и сите по ред избраа многу секси, но и малку ексцентрични изданија… Клои, на пример, избрала комплет сребрени светки, но нејзиното здолниште било проѕирно, а Меган Фокс одлучила да ги разоружа сите гости со деколтето од кое буквално се врти во главата!

Лили Роуз Деп/Фото: Профимедиа

Бијонсе се врати со нов албум: Со „Renaissance“ започнува нова клупска ера

Бијонсе ги маѓепса обожавателите: Полугола за омотот на нејзиниот нов албум

Бијонсе пее за неверството на Џеј Зи и за скандалот со нејзината сестра во новиот албум „Renaissance“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот