ФОТО | Кралската ковачница ги претстави првите монети со ликот на кралот Чарлс Трети
За време на долгото владеење на Елизабета Втора, на монетите беа користени пет нејзини различни портрети. Нејзиниот портрет е прикажан и на валути на десетици други земји низ светот, како потсетник на колонијалниот досег на британската империја. По 23 дена од смртта на нејзиното Величество, кралската ковачница ги претстави првите монети на кои е прикажан ликот на новиот крал Чарлс Трети.
View this post on Instagram
„Ние коваме монети за британската монархија повеќе од 1100 години… За нас е голема чест да ја коваме првата слика на неговото Височество кралот Чарлс Трети во Велика Британија“, се вели во соопштението на ковачницата.
NEW: The official coin effigy of King Charles III on a 50 pence & £5 Crown, commemorating the life and legacy of Queen Elizabeth II, is revealed. HM will replace Her Majesty The Queen to become the first king on British coins since 1952 📸@aaronchown pic.twitter.com/HVEuwIgszp
— Derek Momodu (@DelMody) September 29, 2022
Се прецизира дека релјефот на портретот на кралот Чарлс Трети го направил британскиот скулптор Мартин Џенингс, а самиот крал го одобрил делото.
View this post on Instagram
Во согласност со традицијата од 17 век и нумизматичките правила, Чарлс Трети е претставен „налево“ на монетата, за разлика од неговата мајка, Елизабета Втора која била претставена на двете страни.
„Кралот Чарлс Трети, по милоста Божја, бранител на верата“, гласи натписот на монетата.
View this post on Instagram
Кралот на Велика Британија е и поглавар на Националната англиканска црква.