ФОТО | Кралицата првпат во 59 години отсуствува од отворањето на Парламентот: Британија на нозе, Чарлс ја презема должноста…

Фото: Инстаграм/Профимедиа

Принцот Чарлс во вторникот наместо својата мајка Елизабета Втора присуствуваше на официјалното отворање на едногодишната седница на парламентот и го прочита традиционалниот говор на кралицата, откако кралицата, по совет на лекарите, одлучи да ја пропушти церемонијата.

„Дејли мејл“, знакот на транзиција за британската монархија, го нарекува „историски момент“ поради здравствените проблеми на долговечната кралица.

Принцот Чарлс пристигнал во Вестминстер во моментот кога се пеела химната „Господе спаси ја кралицата“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amanda Matta (@matta_of_fact)

Престолонаследникот, 73-годишниот Чарлс, во униформа со ордени, потоа одржа говор во име на кралицата во кој ја објави програмата и политичките насоки на Владата на отворањето на седницата на парламентот.

Државното отворање на парламентот е раскошен настан кој се одвива со голема помпа. Традиционално, монархот пристигнува во парламентот во државна кочија, придружуван од коњаници во свечени униформи, додека Царската државна круна и другите кралски амблеми се транспортираат во посебна кочија која се наоаѓа пред државната кочија.

По пристигнувањето, Чарлс седнал на престолот одреден за сопружник или придружба и симболично е помал од престолот за монарх. На негова страна биле неговата сопруга, Камила (74) и постариот син и принц Вилијам (39), кои првпат присуствуваа на церемонијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Круната била поставена на посебно перниче.

Кралицата Елизабета досега само двапати во 70 години го пропушти државното отворање на парламентот, кога беше бремена со принцот Ендру во 1959 година и принцот Едвард во 1963 година.

Ова е првпат принцот од Велс, кој веќе низа години ја претставува кралицата во странство и презема сè поважна улога, да ја замени кралицата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolay Polonsky (@nikolaspolonsky)


„Дејли мејл“ напиша дека кралицата „сè уште навистина ги држи уздите во свои раце“, но истакнува:

„Но, не се залажувајте. Ова е навистина историски момент за круната.“

Во традиционалниот говор на кралицата, напишан од владата, премиерот Борис Џонсон рече дека неговата конзервативна влада „ќе ги исполни ветувањата“ дадени пред општите избори во 2019 година.

– Владата на Нејзиното височество ќе го поттикне економскиот раст со цел подобрување на животниот стандард и ќе финансира одржливи инвестиции во јавните услуги. Сето тоа ќе биде придружено со одговорен пристап кон јавните финансии и намалување на долгот, додека истовремено ќе се реформира и ќе ги намалат даноците – рекол Чарлс, изговарајќи го текстот.

Во говорот на кралицата беа наведени 38 нацрт-закони кои, меѓу другото, ќе го направат познатиот лондонска финансиски дистрикт попожелен за светските инвеститори откако земјата ја напушти ЕУ.

Кралицата Елизабета Втора првпат по 59 години нема да ја отвори парламентарната сесија

Поради тешкотии во движењето, кралицата Елизабета нема да присуствува на отворањето на парламентарната седница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот