-8 C
Скопје

ФОТО: „Кралевите“ се немоќни без Рамос во Лигата на шампионите!

Реал не успеа да го совлада Шахтјор Доњецк во рамките од петтото коло во Лигата на шампионите. Во составот на „кралскиот“ клуб поради повреда не беше еден од најискусните во екипата, столбот во одбраната Серхио Рамос.

Продолжува негативната серија на резултати на мадридскиот гигант без нивниот капитен, односно загуби на седум од последните девет натпревари кога Рамос не играше во ЛШ. Овој ужасен рекорд на тимот започна од сезоната 2018/19 кога загуби двапати во групната фаза од руската ЦСКА Москва кога Рамос не беше во составот.

Централниот дефанзивец беше отсутен, поради суспензија, во домашниот убедлив пораз од Ајакс (1:4) во осминафиналето, и така Реал беше елиминиран од елитното натпреварување.

Исто така загуби лани од Манчестер сити и ПСЖ, а Рамос не беше во победата над Клуб Бриж (1:3). Сезонава ги пропушти двата дуели со Шахтјор, Украинците двапати славеа, а не беше дел од победата над Интер во Милано (0:2).

Прочитајте и...  Котески е наследникот на Бошковски на клупата на КЛ7

Реал Мадрид се соочува со елиминација уште во групната фаза сезонава, во последното коло ниту триумф нема да му биде доволен дома над Борусија Менхенгладбах, доколку Шахтјор освои три бода на гостувањето кај Интер.

ВИДЕО: Реал вторпат нокаутиран од Шахтјор, Салцбург бара „услуга“ од Баерн!

Поврзани вести

ВИДЕО: „Лисиците“ на врвот, Роџерс за првпат слави против Челси!

Слободен печат

АБА 2 лига: Победнички старт на МЗТ Скопје во Бања Лука

Слободен печат

Лекаи им пресуди на Германците, полска лекција за Бразил!

Слободен печат

ВИДЕО: Барди од клупата го гледаше ремито на Леванте!

Слободен печат

Баварската машинерија по нова титула: Познати паровите на Светското клупско првенство

Слободен печат

Официјално: Ѓоре Јовановски е новиот тренер на Беласица

Слободен печат

Остави Коментар