ФОТО | Костовски: Си посакавме златни медали со Новак

Фото: facebook.com/darko.kostovski.543

Дејан Георгиевски кој ќе го претставува македонското таеквондо на Летните олимписки игри посакува од Токио да се врати со медал.

Тоа го потврди и неговиот тренер Дарко Костовски кој денеска преку социјалните мрежи објави една интересна слика.

Во олимпиското село го сретна најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ кој атакува на златото.

А истата желба ја има и знаменосецот Георгиевски кој го дозна и противникот на ЛОИ 2020.

– Си посакавме златни медали со Новак. Поддршка за Деки и Македонија од врвниот светски спортски АС – напиша Костовски на Фејсбук.

Дејан Георгиевски на стартот го очекува дуел со светскиот шампион

Георгиевски оди по медал во Токио

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот