ФОТО: Косово му подигна и споменик на Бо, починатиот син на Џо Бајден

epa08809581 A Kosovo Albanian man takes a selfie in front of the memorial in honor of elected US President Joe Biden late son, Joseph R. 'Beau' Biden, III, near the US military Camp Bondsteel, in the village of Sojevo, Kosovo, 09 November 2020. EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

На патот Гњилане – Урошевац денеска е откриен споменик на Џозеф Р. Бо Бајден III, починатиот син на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден, објави „Репортери“.

На свечената церемонија градоначалникот на Гњилане, Љутфи Хазири, по чија иницијатива е поставен споменикот, го пофали придонесот на Бо Бајден.

– Денеска го откриваме споменикот на Џозеф Р. Бо Бајден III, кој го поставивме на патот Гњилане – Урошевац, рече Хазири и додаде дека тој оставил солидарност и посветеност на Косово, пренесува Танјуг.

Автопатот Гњилане – Урошевац именуван по покојниот син на Џо Бајден/Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Бо Бајден работел на Косово после војната, пренесува Косово онлајн. Инаку и патот долг 35 километри во близина на кампот Бондстил, исто така го носи неговото име.

Џо Бајден и синот Бо/ Фото: EPA/KHALID MOHAMMED / POOL

Синот на Џо Бајден Бо, почина на 6. јануари 2015 година од рак. Тој по војната на Косово, работел во ОБСЕ и помагал во обуката на локалните косовски обвинители и судии. Бил и државен обвинител во Делавер, а во рамките на американските воени сили бил на служба во Ирак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот