ФОТО: Кошаркарите и нивните жени за кои висината е само број

epa-efe
epa-efe + printskrin insta

Дали и колку ви е важна висината на вашиот партнер? Изненадувачки е колку мажи и жени воопшто не обрнуваат внимание на тоа. Факт е дека кога станува збор за љубовта – висината нема никакво значење.

Доказ за тоа се кошаркарите и нивните сопруги. Кошаркарите најчесто се високи момци, а нивните жени не се совпаѓаат во висината со нив. Разликата е честопати драстична, но не изгледа чудно, туку напротив – многу слатко.

Кои кошаркари и нивните жени имаат најголема разлика во висината?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Marjanovic (@mrsbobi)

Боби Марјановиќ е гигант во српската кошарка – во буквална смисла, затоа што е висок 224 сантиметри. Неговата сопруга Милица е висока само 161 см. Затоа тие секогаш привлекуваат внимание каде и да се појават, што воопшто не им пречи. Тие се венчаа во 2014 година и имаат два сина.

Данијела Рајиќ и Пол Џорџ

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paul George (@ygtrece)

Американката со српско потекло, Данијела Рајиќ, има две ќерки со НБА ѕвездата Пол Џорџ. Нивната врска беше бурна – дури имаше обвинувања дека Пол не бил биолошки татко на првото дете на Данијела, но парот го надмина тој период и тие се заедно до ден денес. Инаку, се запознале во Мајами, кога „српската Ким Кардашијан“ работела како го-го-танчерка.

Шекил О`Нил и Никол Хупз Александар

epa-efe
EPA-EFE/LARRY W. SMITH CORBIS OUT

Легендарниот Шекил О’Нил беше во тригодишна врска со Никол Александар. Од 2010 до 2013 година, тие привлекуваа фотографи и новинари каде и да се одеа. Едноставно, огромната разлика во висината беше сензација сама по себе.

Крис Брош и Адриен Вилијамс

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Bosh (@chrisbosh)

Крис Брош е кошаркар кој предвреме ја заврши својата НБА кариера поради згрутчување на крвта. Во текот на сите свои проблеми беше придружуван од неговата сопруга Адриен Вилијамс, со која има четири деца. Тие се во брак од 2011 година и моментално се занимаваат со хуманитарна работа во Мајами.

Дирк Новицки и Џесика Олсон

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Married Biography (@marriedbiography)

Германецот Дирк Новицки е еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, кој се прослави во НБА лигата. Додека играше во САД, тој ја запозна својата сопруга Џесика Олсон и очигледно не му пречеше што таа е значително пониска од него. Тие се во брак од 2012 година и имаат три деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот