ФОТО: Коронавирусот „цути“ во Австрија и Холандија

Амстердам, Холандија/Фото: EPA-EFE/KOEN VAN WEEL

Австрија и Холандија во последното деноноќие имаат рекорден број заразени лица од ковид-19.

Австрија втор ден по ред поставува нов рекорд во бројот на новоинфицирани, кој по вчерашните 2.452 денеска достигна 2.571 и 13 смртни случаи.

Виена, Австрија/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Покрај тоа, Виена продолжува да регистрира се поголем број новозаразени, а во последните 24 часа, во австрискиот главен град се регистрирани 615 нови случаи на коронавирус.

Во моментов, во Австрија има 19.409 активни пациенти, од кои 1.058 се хоспитализирани, а 158 се на интензивна нега.

Бројот на починати достигна 954.

Виена, Австрија/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Од почетокот на епидемијата, 75.558 лица биле тестирани на коронавирус, а 55.195 се излекувани.

Рекорден број заразени во последните 24 часа бележи и Холандија, каде што бројот на новозаразени надмина 10.000.

Маски се носат во јавниот превоз во Холандија поради неможноста да се одржува физичка дистанца/ Фото: EPA-EFE/Sem van der Wal

Како што соопшти Националниот институт за јавно здравје, Холандија продолжи со трансфер на пациенти во Германија, бидејќи болниците во земјата се преполнети.

Амстердам, Холандија/Фото: EPA-EFE/KOEN VAN WEEL

На 14 октомври, Владата воведе делумен карантин за да се спречи ширењето на заразата и одлучи да ги затвори сите барови и ресторани во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот