ФОТО | Констракта е номинирана во три категории за Евровизиските награди

констракта
Констракта / Фото: EPA-EFE

Претставничката на Србија на овогодинешната Евровизија, Ана Ѓуриќ Констракта, е номинирана во три категории за Евровизиските награди кои се одржуваат по втор пат и ќе бидат објавени за време на божиќните празници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)


Во периодот од 30 ноември до 4 декември, организаторите собираа гласови од публиката преку официјалната страница на Инстаграм за десет категории, а Констракта се натпреварува за награди за најиновативна изведба, најдобар текст и најдобра кореографија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)


Листата е составена врз основа на фан-страниците на Евровизија кои ги номинираа своите фаворити во текот на ноември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)


Минатата сезона во гласањето учествуваа повеќе од 70.000 луѓе, но статистиката за оваа година се уште не е објавена.  Наградите на Евровизија за првпат беа доделени во 2021 година, а групата „Ураган“, која тогаш ја претставуваше Србија, ја доби наградата за најдобри фризури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот