ФОТО | Колинда објави трогателна фотографија со Макрон: „Мил Емануел, извини што не можам да те видам…“

Фото: Профимедиа

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ му се обрати на францускиот претседател Емануел Макрон на својот твитер-профил.

Макрон во средата во вечерните часови пристигна во Загреб во дводневна официјална посета на Хрватска.

Колинда објави нивна заедничка фотографија и на Макрон му испрати емотивна порака.

Колинда ја напишала посветата на Макрон на француски јазик, во објвата го нарекла „мил“ и се потпишала како негова пријателка Колинда. Се претпоставува дека фотографијата настанала на самитот на НАТО во Брисел 2018 година.

„Добредојде во Хрватска, мил Емануел Макрон! Добредојде! Жал ми е што не можам да те видам бидејќи не сум во Хрватска. Ти посакувам пријатна и плодна посета. Се најдобро ви посакувам вам и на прекрасните луѓе на Франција! Твојата пријателка Колинда“, напиша поранешнета хрватска претседателка.

Хрватските медиуми пишуваат дека Колинда и Макрон се познаваат од порано, заедно го следеле натпреварот Хрватска-Франција во 2018 година пред три години, кога се одржуваше Светското првенство во Русија. Во тој финален натпревар Франција ја победи Хрватска со 4:2 и ја пoнесе титулата светски шампион во фудбал. Тогаш тие заедно на дождот им честитаа на прваците и на вицешампионите по натпреварот.

Фото: Профимедиа
Видео на денот