ФОТО | Колинда Грабар-Китаровиќ во кратки панталони, ја „издаде“ персоналот на ресторанот

Фото: Профимедиа

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ (54) последниве денови не крие колку ужива во летниот одмор на хрватското крајбрежје. По Корнати стигнала до Лопуд, Дубровник, а нејзината локација ја откриле вработените во локалниот ресторан.

„Голема чест ни беше што бевме домаќини на поранешната претседателка на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, Ви благодариме и се радуваме на повторната средба“, порачаа вработените во ресторанот на социјалните мрежи споделувајќи фотографија со Колинда, која за таа прилика се појавила во облека инспирирана од сафари стил.


Нејзиниот монохроматски стајлинг, создаден со беж маичка со поло деколте и широки бермуди, следел по сетот фотографии од Корнати. На своите верни следбеници на социјалните мрежи, поранешната хрватска претседателка им одговори со фотографии од бродот во маица со идентичен дизајн и маскирни панталони со капри крој.

Позирајќи од Корнати, Колинда не ја симнувала насмевката од лицето, притоа нагласувајќи дека нема поубава земја од Хрватска.


„Ништо како Хрватска!“, рекла таа. Во коментарите нејзините фанови напишале дека била одлична претседателка и дека би сакале таа да се врати на таа функција.

Колинда Грабар-Китаровиќ оперирана во Загреб

Поранешната хрватска претседателка се огласи по операцијата: Не можев да се потпишам, да отворам шише, сега следува подолго опоравување

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот