ФОТО: Која е Ема Ковач, девојката што го украде вниманието на црвениот тепих во Рим

Instagram

Филмскиот фестивал во Рим, кој годинава се оддржа по 15-ти пат и траеше од 15-ти до 25-ти октомври е еден од најважните настани во филмската индустрија во Европа и светот.

Главната локација на случувањата и црвениот тепих како и секоја година беше во Аудиториумот „Parco della Musica“, а проекции имаше и на други локации низ Рим. Иако нема долга традиција сепак фестивалот игра огромна улога во промоција на градот и има силно влијание врз економскиот развој на Италија затоа што станува еден од најважните филмски настани во светот.

Instagram

Девојката за која не престана да се зборува изминативе денови е Ема Ковач (25), модел по потекло од Хрватска која беше вистинска ѕвезда на фестивалот во Рим.

EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Ема се појави на црвениот тепих на последната фестивалска вечер и ги воодушеви сите со својот изглед. За оваа пригода таа носеше бел фустан со длабок шлиц, истакнувајќи ја витката фигура и долгите нозе.

Манекенката се појави во друштво на своето момче Генар Лили. Ковач се натпреваруваше за титулата „кралица на фестивалската вечер“, награда која се доделува за наубавата и најдобро облечена дама.

EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Италијанскиот магазин „Vanity Fair“ објави дека таа се натпреварувала против манекенката Валерија Марина (53) која воедно ја победила и ја освоила наградата.

Ема Ковач е родена и израсната во Хрватска, но веќе некое време живее и работи во Италија. Таа позираше на насловната страница на списанието „Capri“. Светските модни куќи како „Versace“ и „Cavalli“ веќе се заинтересирани за соработка со преубавата Ема.

EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Покрај својата каериера како модел, Ема е посветена и на своето образование.

Постојано учам во авиони, возови, често дури и за време на паузи од работа. Најмногу ме полудуваат ситуации како кога имав закажано голем испит за кој се подготвував со месеци, а точно на денот на полагањето, ми потврдија учество во голема кампања пред Божик за „Garnier““, изјави Ема.

Во такви случаи, ја ставам работата пред факултетот затоа што сметам дека ова се единствени можности во можам многу да научам од луѓе кои се во модната индустрија подолго од мене, а бидејќи студирам бизнис и менаџмент, многу е интересно да се види од прва рака како работат светски познатите компании“, изјавила таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот