ФОТО | Која е Џулија Фокс, девојката на Канје Вест: Била зависничка и домино дама

Џулија Фокс и Канје Вест
Џулија Фокс и Канје Вест

Откако официјално „ја преболи“ Ким Кардашијан, раперот Канје Вест одлучи дека отсега ќе гледа само кон идината и веќе отворено ја презентира својата девојка Џулија Фокс во јавноста. Тие веќе беа видени заедно на Париската модна недела, а папараците ги фотографираа и низ градот.

Стариот живот спакуван во кутии: Џулија Фокс раскажа како Канје Вест целосно ѝ ја трансформирал гардеробата, само пар недели откако излегуваат

Џулија е позната уметница, активистка, изведувачка од Њујорк и за себе во една прилика изјави:

„Сакам да се истражувам себеси во секој аспект. Никогаш не сакам да се ограничувам на она што другите ќе ми кажат дека сум“ – потенцира таа за „Hollywood Reporter“

Актерката и изведувачка имаше една од најважните улоги на филм заедно со Адам Сендлер, во филмот „Uncut Gems“ во 2019, а пред да се појави на филмското платно работела во слаткарница, во компанија за чевли, па дури и во улога на „доминатрикс“. Откри дека за своите клиенти се костимирала како што ќе посакаат, од чесна сестра, медицинска сестра до учителка. Имала бурно минато, но се извлекла од него.

Џулија Фокс
Abaca Press / Profimedia

На 17 години се предозирала, и за среќа останала жива, а била зависна од хероин и таблети против болка.

„Вистинско чудо е што сум добро, многу луѓе со кои пораснав веќе не се. Уште се на дрога или во затвор. Многумина од нив и починаа“ – изјави.

И таа и Канје излегоа од долги врски пред да бидат еден со друг, па можеби тоа и ги спои?

Канје Вест и Џулија Фокс
Spread Pictures / Profimedia

Стариот живот спакуван во кутии: Џулија Фокс раскажа како Канје Вест целосно ѝ ја трансформирал гардеробата, само пар недели откако излегуваат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот