ФОТО: Кои земји гласаа за исфрлање на Русија од Советот за човекови права на ОН?

Совет за човекови права на ОН/ Фото TIMOTHY A. CLARY / AFP / Profimedia

Генералното собрание на ОН денеска гласаше за исклучување на Русија од Советот за човекови права. За протерување на Русија гласаа 93 земји, 24 беа против, а 58 беа воздржани.

Северна Македонија е меѓу земјите кои гласаа „за“ руското исфрлање од Советот за човекови права на ОН.

На фотографијата од гласањето може да се видат неколку држави кои направија изненадувачки потег.

Гласањето за исфрлање на Русија од Советот за човекови права на ОН

Очекувано, меѓу државите кои гласале против ваквиот потег се Белорусија, Русија, Кина, Северна Кореја и Иран. Тука спаѓаат и Алжир, Боливија, Бурунди, ЦАР, Конго, Куба, Еритреја, Етиопија, Габон, Казахстан, Киргистан, Лаос, Мали, Никарагва, Сирија, Таџикистан, Узбекистан, Виетнам и Зимбабве.

Изненадувачки потег на Србија

Сите земји од Балканот, вклучително и Србија, која засега одбива јавно да ја осуди руската агресија врз Украина, гласале „за“ исфрлање на Русија од Советот.

Протерувањето на Русија го предложија Велика Британија и САД поради масакрот во Буча.

Пред гласањето во ОН, украинскиот амбасадор Серхиј Кислиција ја обвини Русија за „ужасни“ кршења на човековите права и зборуваше за масакрот во Буча, град во близина на Киев, каде Украина ги обвинува Русите за убиство на десетици цивили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот