ФОТО | Клои Кардашијан на една фотографија има стапала како сестрите на Пепелашка: Дали има стаклен чевел за ријалити принцезата?

Instagram
Instagram

Ријалити ѕвездата Клои Кардашијан деновиве објавуваше фотографии од снимањето на реклама за нејзината нова линија на облека, а поради една специфична фотографија, фановите не престануваат да се шегуваат со неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ExtraTV (@extratv)

Една од најчудните фотографии што ги објави на својот инстаграм – профил е додека позира покрај базен во фармерки и беж топ. Високите беж потпетици кои ги носи Клои, овој пат го украдоа целото внимание. Поради аголот на фотографијата, изгледа како Клои да има огромни стапала и прсти, па приказните за нејзините најнови фотографии ја насмеаа и самата Кардашијан:

„Не можам да верувам, се смеам од срце. Овие слики се направени со камера која намерно го создава овој ефект на „продолжување“. Колку е поблизу субјектот до фотоапаратот, толку подолгите ќе станат работите. И затоа на некои слики прстите и стапалата ми изгледаат неприродно големи. Не грижете се, сè уште имам раце и нозе со нормална големина“, изјави Клои.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот